Breaking News

Нетанјаху: Израелската армија ќе продолжи да дејствува против Хамас, дури и во Рафа


– Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека ќе го нападне градот Рафа и покрај зголемените меѓународни критики.


– Израелската армија ќе продолжи да дејствува против сите баталјони на Хамас низ Појасот Газа, а тоа го вклучува и градот Рафа, последното упориште на Хамас.


Кој ни кажува да не спроведуваме операции во Рафа, ни кажува да ја изгубиме војната, истакна Нетанјаху.

Тој додаде дека „тоа нема да се случи“, признавајќи дека притисокот за напуштање на тие планови доаѓа од странство. – Но, како што се зголемува меѓународниот притисок, мора да се обединиме.


Мораме заедно да се спротивставиме на обидите да се стави крај на војната, посочи Нетанјаху.

Околу 1,5 милиони Палестинци побараа засолниште во најјужниот град во Појасот Газа, во близина на границата со Египет.


Се стравува дека евентуалните израелски напади би можеле да доведат до масовни жртви меѓу цивилното население. Израел соопшти дека ќе ги евакуира цивилите на безбедно пред каква било офанзива.

 ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА