Breaking News

Неколку скопски села утре без струја


Корисниците од село Горно Соње, лоцирани над војската, утре од 8:30 до 16:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.


Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Кондово, Горно Свиларе, Долно Свиларе, Кучково и Грачани, како и објектот на рудникот Радуша.


Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

вј/Фото: МИА архива .


Извор: МИА