Breaking News

Неколку пожари на подрачјето на кумановско, изминатово деноноќие


Шест хектари површина гореле во кумановското село Јачинце, соопшти денеска регионалниот центар за управување со кризи Куманово.


Пожарот, како што наведуваат се случил во попладневните часови, зафатил, сува трева, стрниште и еден помошен објект. Во гасењето учествувале пожарникари од Куманово и од Старо Нагоричане.


Вчера, во Куманово горела и површина кај Спомен костурницата. Пожарникарите интервенирале во четири наврати во близина на Спомен костурницата. За пожарите кај оваа локација реагираа и кумановци.

Пожарникарите гаселе пожар и во „Иго Тричковиќ“ каде гореле огревни дрва како и на ѓубриштето во населбата „Перо Чичо“. ам/ирФото: ТППЕ Старо Нагоричане .


Извор: МИА