Breaking News

Нехамер го свика Советот за безбедност поради руски шпионски мрежи


Австрискиот канцелар Карл Нехамер свика состанок на Советот за национална безбедност по апсењето на лице под обвинение за шпионажа,  кое работело за сега распуштената домашна разузнавачка агенција во земјата.


Советот треба да се состане на 9 април.


„Неопходно е да се спречат „руските шпионски мрежи“ да и се закануваат на Австрија „со инфилтрирање или искористување на политички партии или мрежи“, соопшти денеска Нехамер од конзервативната Австриска народна партија.

Поранешен вработен во сега распуштената Федерална служба за државна заштита и контратероризам (БВТ) беше приведен под обвинение за злоупотреба на службената положба и тајни разузнавачки активности на штета на Австрија.


Јавното обвинителство во Виена вчера побара притвор. Не е соопштено за која земја лицето можеби шпионирало. рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА