Breaking News

Негативен природен прираст во 2022 година


Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја лани се евидентирани 10 866 живородени деца или 60. 1 % од вкупниот број на живородените деца во земјава, додека 7 207 или 39.


9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 39. 6 %, а најмало Источниот регион со 6. 6 %.


Во градските подрачја умреле 14 354 лица или 63. 9 %, а 8 105 или 36. 1 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31.

0 %, а најмало Североисточниот регион со 7. 7 %. Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.


Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја е -3 488 лица, a во селските подрачја -898 лица. Од вкупниот број склучени бракови, 6 975 или 51.

1 % се во градските подрачја, а 5 907 или 45. 9 % во селските подрачја. Во градските подрачја имало 1005 разводи, односно 62. 3 %, додека во селските подрачја 608 односно 37.


7 % од вкупниот број разводи. Податоците за внатрешните миграции, покажуваат дека најголемо учество од 37. 9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9. 4 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Источниот регион со 49.


0 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54. 4 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1 450 лица, а најмало во Југозападниот регион, односно -172 лица. са/лв/  .

Извор: МИА