Breaking News

Национална конференција за италијански јазик „Италијанскиот јазик: еден јазик, многу можности“


Во Ректоратот на УКИМ во Скопје денеска ќе биде одржана Национална конференција „Италијанскиот јазик: еден јазик, многу можности“.


 Како што информираа од Амбасадата на Италија во Скопје, конференцијата ќе ја отворат рекоторот на УКИМ и министрите за образование и за култура на Република Северна Македонија, заедно со италијанскиот амбасадор, а на трите панели ќе учествуваат бројни истакнати претставници на образовните и културните институции, на општините и локалните заедници, како и познавачи и љубители на италијанскиот јазик од повеќе професионални области.


– Конференцијата има за цел да направи пресек на состојбите во наставата по италијански јазик во Република Северна  Македонија, пет години по официјалното воведување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во програмата за основните и средните училишта во земјава.

Конференцијата ќе се осврне и на бројните можности кои познавањето на италијанскиот јазик  ги нуди на професионален, културен и академски план, како во земјата, така и во странство, соопштија од Амбасадата на Италија во Скопје.


цр/са/Фото:  Амбасада на Италија во Скопје .

Извор: МИА