Breaking News

Натпревар и завршна конференција за финансиска писменост за млади претприемачи


Во просториите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција.


Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје.


Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, а на истата ќе се понудат предлози за натамошно јакнење на финансиската писменост во земјава.

 Целта на проектот е давање на основни финансиски вештини и знаења за водење и организирање на мал бизнис. бт/мд/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА