Breaking News

Настан за животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет


Амбасадата на Грција во Скопје, Канцеларија за јавна дипломатија, во соработка со Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ) в петок организираат настан за животот и делото на Никос Казанѕакис на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.


На настанот, кој е отворен за јавноста, ќе се обратат деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду, претседателот на Меѓународното друштво на пријатели на Никос Казанѕакис (ΔΕΦΝΚ) Јоргос Стасинакиси и Шериф Лужа, раководител на друштвото ΔΕΦΝΚ во Северна Македонија.


Според програмата, ќе има проекција на документарен филм за Музејот на Никос Казанѕакис кој говори за животот и делото на големиот писател од страна на членовите на координативниот одбор на ΔΕΦΝΚ и претседателите на филијалите во Кина и Грција, Елена Аврамиду и Катерина Зографисту.

Потоа ќе биде посетен гробот на Зорбас на гробиштата „Бутел“.


Организаторите потсетуваат дека Јоргис Зорбас, кој беше инспирација за познатиот роман на Никос Казанѕакис „Алексис Зорбас“, е погребан на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Настанот се одржува во рамки на Меѓународната научна конференција „Средби и текстови на Казанѕакис за странски писатели и уметници“ (Центар на историја на Тесалоники, 25-26 ноември 2023 година), по повод 140 години од раѓањето на Никос Казанѕакис и 35 години од формирањето на друштвото ΔΕΦΝΚ.


мд/Фото: Независен. мк/МИА архива  .

Извор: МИА