Breaking News

Настан во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“ во ОУ „26-ти Јули“ во Шуто Оризари


 Настан во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“, чија мисија има за цел да ги едуцира учениците за последиците од корупцијата и немањето личен и заеднички интегритет ќе се одржи денеска во Основното училиште „26-ти Јули“ во населбата Шуто Оризари во Скопје.


Како што најавуваат организаторите, пред учениците од Основното училиште ќе говорат претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, и членот на Комисијата Шемши Салаи, директорката на училиштето Бесаре Сејди и претставници од Канцеларијата на Меѓународната Фондација за изборни системи (ИФЕС).


Во едукативната кампања активно се вклучија и познатите актери Игор Ангелов и Фисник Зекири, под вештото сценарио на македонската режисерка Елеонора Венинова.

Оваа антикорупциска едукативна иницијатива, предводена од Државната комисија за спречување на корупцијата, е дел од поширокиот чадор на Активноста за антикорупција и интегритет, која ја спроведува Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје, со финансиска поддршка обезбедена од УСАИД.


вг/мд/Фото: плакат „Бидете херои на чесноста“ .

Извор: МИА