Breaking News

Насилство и на изборниот ден во Пакистан


– Петмина полицајци загинаа, а двајца се повредени во вооружен напад во северозападен Пакистан, каде денеска се одржуваат парламентарни избори.


Вооружена група нападна полициски микробус во округот Дера Исмаил Хан. Сè уште никој не презел одговорност за нападот, но регионот е поранешен бастион на пакистанските талибанци.


Изборите се одвиваат под засилено обезбедување, а пакистанската Влада одлучи да го прекине мобилниот интернет на денот на гласањето.

– Набрзо по отворањето на гласачките места привремено е прекинат мобилниот интернет во цела земја поради безбедносни причини, соопшти Министерството за внатрешни рабпти.


Во вчерашните два бомбашки напада во близина на просториите на кандидатите во југозападната провинција Белуџистан загинаа 28 луѓе. Одговорноста за нападите ја презеде Исламска држава.

Околу 128 милиони регистрирани гласачи денеска треба да изберат 336 членови на федералниот Парламент и пратеници во собранијата во провинциите.  ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА