Населението на Египет се зголемило за речиси 1,5 милиони за една година


Населението на Египет достигна 105.


858 милиони луѓе на почетокот на 2024 година, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика, цитирана од весникот „Еџипшн Газет“ („Egyptsion Gazette“).


Една година претходно, бројот на Египќаните беше 104,395 милиони или 1,46 милиони помалку. Сепак, агенцијата известува за намалување на бројот на новороденчиња во 2023 година за 149.

000 на годишно ниво, што е намалување за 6,8 отсто.


Населението на Египет се зголеми за 25 милиони во изминатите десет години, и покрај напорите на земјата да го ограничи растот, изјави министерот за планирање и економски развој Хала ал-Саид на меѓународната конференција за населението и развојот што се одржа во Каиро на почетокот на септември.

Статистичките анализи покажуваат дека населението на северноафриканската земја ќе достигне околу 192 милиони луѓе во 2052 година со сегашната стапка на раст.


Ова ќе бара од државата да ги удвои инвестициите во инфраструктурни проекти и јавни работи. Египет има удел од 1,4 отсто од светското население според веб-страницата „Worldometers“ (worldometers.

info). Државата, според овој индикатор, е на 14-то место во светот. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА