Breaking News

Народната банка и Комисијата за дискриминација потпишаа меморандум за соработка


Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства, знаења, практики и стручна консултација за прашања од интерес.


Целта на меморандумот е да ги промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата.


– Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација.

За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата, информира денеска Народната банка.


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска истакнала дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, пак, посочил дека Народната банка е одличен пример меѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.


бак/са/Фото: Народна банка  .

Извор: МИА