Breaking News

Намален бројот на склучени, но и на разведени бракови


Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12 882 склучени бракa, што е за 2. 4 отсто помалку од претходната година. соопшти Државниот завод за статистика. Најмногу бракови, 1 851 или 14.


4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5. 9 %. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93. 7 % за жените и 93. 2 % за мажите. Во втор брак со учество од 6.


3% и трет брак со учество 0. 5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2022 година, најголем број бракови 4 263 или 33. 1% кај жените и 4 721 брак или 36.

6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.  Просечната возраст при склучување на прв брак е 27. 4 години за невестата и 29. 9 години за младоженецот.


Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17. 9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1 613 разведени брака. Најмалку бракови, 38 или 2.

4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12. 1 % во месец март. Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18. 5 % кај жените и 281 развод или 17.


4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години. Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22. 3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот. са/ .

Извор: МИА