Breaking News

Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени


Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови заизолирана локална појава на пороен дожд и грмежи.


Температурата ќе достигне до 38 степен. Потоа се очекува стабилно и многу топло време.


Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен.

Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер. бт/ев/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА