Breaking News

Најстудено во Струмица и Берово, најтопло во Охрид и Демир Капија


Утрово до 07. 30 часот најстудено со измерен 1 степен е во Струмица и во Берово, а најтопло со 11 степени Целзиусови е во Охрид и во Демир Капија.


Според УХМР, 2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Тетово и Крива Паланка, три во Скопје-Зајчев Рид и Попова Шапка, 4 Куманово, Велес, Гевгелија, 5 степени во Кавадарци, Крушево и Лазарополе, 6 во Битола, Маврови Анови, 7 Прилеп, Виница, 8 Штип и Дојран, 9 степени Претор и 10 степени во Дебар.


 Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)3 Маврови Анови, <1 Тетово, Попова Шапка. Висината на снежната покривка до 07 часот (во cm) е 23 на Попова Шапка. Времето во текот на ноќта и изутрината  било претежно облачно, во северозападните делови со слаб локален дожд. Дувало слаб до умерен ветер од јужен правец, кој особено во централниот дел на Повардарието повремено беше засилен. Утрово е променливо облачно, на места со слаб до умерен југоисточен ветер. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови и во централниот дел на Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени. цр/вј/Фото:МИА архива . Извор: МИА