Breaking News

Најстудено во Берово, најтопло во Охрид


Утрово најниска темепратура од 1 степен Целзиусов, е измерена во Берово, а најтопло е во Охрид со 10 степени.


Како што соопшти УХМР, 2 степени се измерени во Скопје-Петровец, 3 Струмица, Крива Паланка 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Велес, Битола, 5 Тетово, Гевгелија, Кавадарци, 6 Попова Шапка, Лазарополе, 7 Виница, 8 Прилеп, Претор, Маврови Анови и 9 степени во Дебар, Крушево ви во Дојран.


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови.

Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.


Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

вг/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА