Breaking News

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Утрово со измерени -6 степени целзиусови е најстудено во Берово, додека со 4 степени во Дојран, времето е најтопло.


Од УХМР соопштија дека се измерени -5 степени во Прилеп, -4 Скопје-Петровец, Битола и Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови и Попова Шапка, -2 Претор, Штип и Демир Капија, -1 степен во Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци, 0 во Охрид и Куманово, 1 степен во Гевгелија.


 Висината на снежната покривка во 7 часот била 38 сантиметри во Маврови Анови, 23 Крушево, 12 Попова Шапка, 10 Тополчани, 8 сантиметри во Пожаране и 2 во Ѓуриште.

Во текот на ноќта времето беше ведро и претежно тивко, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност.


По одделни котлини има појава на магла и намалена хоризонтална видливост од 50 до 200 метри. Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.


Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени. цр/Фото:МИА архива .

Извор: МИА