Breaking News

Најстудено во Берово и Прилеп, најмногу снег во Маврови Анови


Во државава најстудено изутринава е во Берово каде во седум часот се измерени – 6 степени, по што следуваат со  -5 Прилеп, – 4 Скопје-Петровец, Битола и Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови и Попова Шапка, -2 Претор, Штип и Демир Капија, -1 Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци, 0 Охрид, Куманово, 1 Гевгелија, 4 Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи.


Снежната покривка во Маврови Анови  е 38 сантиметри,  23 во Крушево, 12 Попова Шапка, 10 Тополчани, осум Пожаране, а во Ѓуриште два.


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец.


Максималната температура ќе достигне 9 степени. лв/фото: МИА архива  .

Извор: МИА