Breaking News

Најстудено утрово на Попова Шапка


Најниска температура од – 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка.


Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип.


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 17 степени.


вг/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА