Breaking News

Најмалку тројца Американци и еден француски државјанин загинаа во нападите во Израел


Најмалку тројца американски државјани се убиени во нападите на милитантите на Хамас против Израел, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информации од американски официјални извори.


Како последица на нападите животот го загуби и француски државјанин, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Париз.


Непал извести дека 11 непалски студенти по агрономија се исчезнати по избувнувањето на насилството во Израел, јави ДПА. Тие студирале на агрономски колеџ во Кибуц Алумим на границата со Газа.

Во училиштето имало вкупно 17 ученици од Непал. Во нападите се повредени четири лица кои се примени на лекување, додека за двајца е потврдено дека се безбедни.


Студентите беа во Израел на студиска програма за странски студенти спонзорирана од израелската држава. Во Израел работат околу 4.

500 Непалци, а според податоците на непалските власти, во споменатата програма учествуваат вкупно 265 нивни студенти. ссм/фото: ЕПА .


Извор: МИА