Најмалку три деца се повредени во инцидентот во основно училиште во финскиот град Вантаа, северно од главниот град Хелсинки, соопшти полицијата, пренесе ДПА Осомничениот за нападот е приведен и се дознава дека е малолетник.
Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Вантаа, соопшти финската полиција. „Полицијата е на лице место и врши увид.
Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение. Ванта има околу 250.
000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки. Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица. сд/ .
Извор: МИА