Breaking News

Најмалку шест луѓе загинаа во пожар во хостел во главниот град на Нов Зеланд


Најмалку шест луѓе загинаа во пожар во хостел во Велингтон во текот на ноќта – од четирикатницата се спасени 52 лица.


Шест од нив се хоспитализирани, а на 15 им била укажана лекарска помош на лице место. Засега е потврдена смртта на шест лица. Се уште има исчезнати лица, јавија локалните медиуми.


 Причината за трагедијата се уште не е утврдена. Хостелот имал 92 соби. зш/ .

Извор: МИА