Breaking News

Најмалку седум мртви во пожар во ноќен клуб во шпанскиот град Мурсија


Најмалку седум лица загинаа во пожар во ноќен клуб во југоисточниот град Мурсија, соопштија шпанските власти.


Пожарот избувнал во популарниот ноќен клуб Театре, лоциран во областа Аталајас, околу 6 часот утрово по локално време. Властите велат дека бројот на жртвите може да се зголеми.


 Брза помош и другите служби за итна помош трагаат по лица кои се сметаат за исчезнати и биле во просториите на клубот во моментот на пожарот. Четворица се во болница поради вдишување чад.

Не е јасно што го предизвикало пожарот, што избувнал додека во клубот имало уште многу луѓе. сд/фото: Скриншот Х .


Извор: МИА