Breaking News

Најмалку едно лице загина при руските напади врз Керсон


– Најмалку едно лице загина, а шестмина, од кои две деца, се повредени во синоќешното руско гранатирање на областа Керсон во јужна Украина.


Гувернерот на Херсонската област, Олександр Прокудин на Телеграм објави дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле 71 напад чија цел биле населени области, продавници и медицинска инфраструктура.


Прокудин наведе дека цел на 20 од воздушните и копнените напади бил административниот центар на регионот – градот Керсон.

Украинската новинска агенција Укринформ објави дека двете повредени деца се сестри на возраст од 13 и 12 години, како и нивната мајка.  ми/фото:МИА архива .


Извор: МИА