Breaking News

Најмалку десет лица загинаа во зимските бури во Украина


Најмалку десет лица загинаа во зимските бури што ја погодија Украина, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.


„Како резултат на влошувањето на временските услови, десет лица загинаа во регионите Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм.


Тој додаде дека има 23 повредени, меѓу кои и две деца. Претходно денеска, регионалниот гувернер на Одеса објави дека 2.

500 луѓе се спасени по снежното невреме во јужниот украински регион, додавајќи дека 313 населени места во регионот останаа без струја поради лошите временски услови.


„Извлечени се 849 заглавени возила, од кои 24 автобуси и 17 амбулантни возила“, напиша гувернерот на Твитер.

Од неделата, ледените ветрови и обилните снежни врнежи предизвикаа прекин на електричната енергија и ги принудија властите да ги затворат патиштата. Ситуацијата е особено тешка во јужна Украина.


Вкупно 411 населени места во 11 региони се без струја, а екипите за итни случаи им помогнале на повеќе од 1.

500 заглавени возила, покажуваат податоците на украинското Министерство за внатрешни работи. ссм/фото: ЕПА .


Извор: МИА