Breaking News

Најмалку четворица загинати во пожар во станбена зграда во Шпанија


– Најмалку четири лица загинаа, а 14 се повредени, а 19 се водат како исчезнати во пожар во 14-катна станбена зграда во шпанскиот град Валенсија.


Можеме да потврдиме дека има четворица загинати, изјави, заменик-директор на службите за итни случаи за регионот на Валенсија, Хорхе Суарез Торес.


Претходно итните служби известија дека 14 лица се згрижени со повреди од различен степен, помеѓу повредените е и едно седумгодишно дете. Шест од повредените се пожарникари.  ми/фото: МИА архива  .

Извор: МИА