Breaking News

Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен во Виетнам


Најмалку четири лица загинаа во несреќа во рудник за јаглен на северот на Виетнам, јавија денеска државните медиуми. Во инцидентот повредени се најмалку седум работници.


Истекување на метан во рудникот предизвика пожар и експлозија. Четворицата рудари починаа од вдишување отровни испарувања. Пожарот е ставен под контрола. ссм/фото: архива .


Извор: МИА