Breaking News

Најмалку 43 лица загинаа во пожар во трговски центар во Бангладеш


Најмалку 43 лица загинаа во пожар што избувна во шесткатен трговски центар во Дака, Бангладеш.


Министерката за здравство, Саманта Лал Сен рече дека пожарот избувнал доцна синоќа во ресторан во трговскиот центар Грин Кози Котиџ и брзо се проширил на другите катови.


До утрово, најмалку 43 лица починаа, а 22 други останаа со тешки изгореници и се во критична состојба. Тие се лекуваат во две поголеми здравствени установи.

Причината за пожарот не е веднаш утврдена, но бригадниот генерал Мајн Удин, директор на противпожарната служба и цивилна одбрана на Бангладеш, рече дека тој може да потекнува од истекување на гас.


-Тоа беше опасна зграда со плински боци на секој кат, дури и на скалите, рече тој.

Директорот на силите, исто така, додаде дека повеќе од десетина противпожарни единици се распоредени за гаснење на пожарот.


Најмалку 75 луѓе, меѓу кои 42 биле во несвест, биле спасени од зградата, соопштија спасувачите. мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА