Breaking News

Најмалку 21 лице загина, а 38 се повредени во сообраќајна несреќа во јужен Авганистан


Најмалку 21 лице загина, а 38 други се повредени во сообраќајна несреќа во јужен Авганистан, соопштија локалните власти.


Несреќата се случила изутрината во областа Герашк во покраината Хелманд, на главниот автопат меѓу јужен Кандахар и западен Херат, соопшти полицијата во Хелманд.


Несреќа се случила кога во мотоциклистот удрил патнички автобус, кој удрил во цистерна со гориво што доаѓала од спротивната насока, изјави полицаец од Хелманд.

Од 38 повредени, 11 се во тешка состојба, изјави портпаролката на началникот на полицијата на Хелманд, Хзатула Хакани. рп/Фото: ЕПА .


Извор: МИА