Breaking News

Најмалку 15 жртви во автобуска несреќа во Италија


– Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се повредени во автобуска несреќа што се случи вечерва во Италија.


Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по пад од 10 метри, паднал на железничката пруга и се запалил.


Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се изгорени, додека четириесетина се повредени. јт/Фото: Х .

Извор: МИА