Breaking News

Најавени градежни работи за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани 


Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ утре стартува со градежни работи за пробивање на трасата на автопатот Гостивар Букојчани, потврдуваат од Министерството за транспорт и врски.


 Како што појаснуваат, на терен покрај најавените геомеханички истражувања, ќе се врши минирање и изградба на пристапни патишта.


Со Договорот што го потпиша Владата со „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани,  Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8 и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10д.

До проектната единица веќе се доставени инфраструктурни проекти за сите делници, освен за Требешништа-Струга-Ќафасан.


Доставени се и елаборати за експропријација за Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а до крај на месецов се очекуваат елаборати и за Прилеп-Битола.

На „Бехтел и Енка“ досега им се исплатени две транши, од 117 милиони евра  и од 53 милиони евра,  согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор 8 и Коридор 10д за 2023 година, со којашто за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра.


лв/са/      .

Извор: МИА