Breaking News

Над 2.000 ученици во Шуто Оризари добија пакети со текстил од Агенцијата за управување со одземен имот


Министерот за правда Кренар Лога и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу денеска на учениците во Општинското основно училиште „26  Јули“ во Општина Шуто Оризари им доделија трајно одземени предмети-разна стока.


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Небиу појасни дека станува збор за облека, која не завршила во печките на депонијата „Дрисла“, туку им е дадена на учениците.


-Од утре почнуваме повторно и нема да престанеме, ќе имаме повеќе од 20 основни училишта, каде што ќе доделиме повеќе од 14. 000 пакетчиња, што треба да значи дека 14.

000 ученици ќе добијат од облеката, којашто се наоѓа во магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, вели Небиу.


Министерот за правда Кренар Лога изрази длабоко сочувство до семејствата на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и додаде дека денеска во општината Шуто Оризари над 2.

000 ученици добија облека, од Агенцијата.


-Се мислевме до последен момент дали денеска треба ова да се случи или не, на крај одлучивме да стоиме на датумот, којшто беше договорено однапред заради тоа што немаме објаснување на овие деца, зошто треба да се одложи и уште потешко ќе беше за нив и за нас, да се оди на друг ден.

Сочувство до семејствата, до сите граѓани на Македонија и немам збор што повеќе да кажам за настанот, освен што ја чекаме најострата казна да ја добијат сите учесници во настанот, рече Лога.


вдј/мд/Фото: МИА  .

Извор: МИА