Breaking News

На тетовско подрачје во 2023 година евидентирани вкупно 19.707 сообраќајни прекршоци 


Во текот на 2023 година полицијата на тетовското подрачје открила и санкционирала 19. 707 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците од одделението за аналитика при СВР Тетово.


Оваа бројка претставува намалување на ваквиот вид санкции во споредба со 2022 година кога имало 20. 721 санкциониран сообраќаен прекршок.


Анализата на податоците од 2023 година покажува дека поради констатирани прекршоци, односно пропусти и недостатоци, од сообраќај се исклучени-2790 возачи, како и 653 возила.

Значителен број од исклучените возачи, 564, биле поради тоа што ги управувале нивните возила под дејство на алкохол.


Лани, исто така, биле санкционирани и 2961 возач кои ја пречекориле максимално дозволената брзина во и надвор од населено место, меѓу кои не мал број од нив и за над 50 и 70 километри на час, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

– Секторот за внатрешни работи Тетово со несмален интензитет и годинава продолжува со контролни активности во чие средиште се брзината, управувањето под дејство на алкохол, недавање предност на пешаци, непрописно престигнување и друго.


Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила, пребрзите возачи и оние кои непрописно престигнуваат или ги управуваат возилата без положен возачи испит или под дејство на алкохол, посочува портпаролот Марјан Јосифоски.

Во Тетовско лани имало 856 сообраќајни несреќи и една човечка жртва, за разлика од 2022 кога осум лица ги загубиле животите. ас/мд/фото: МИА .


Извор: МИА