Breaking News

На патот Крива Паланка – ГП Деве Баир да се управува внимателно, се работи на патот и има одрони


ЈП Македонијапат соопшти дека на магистралниот пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир поради работи на патот и позачестени одрони треба крајно внимателно да се управува со возилата за своја и за општа безбедност.


На одредени места, се наведува во соопштението, е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. цр/вг/Фото: МИА архива .


Извор: МИА