Breaking News

На патниот правец А1 во тунелот кај Катланово, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лената


На патниот правец А1 Велес – Катланово, во тунелот Катланово денеска ќе се изведуваат градежни работи на пат и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, известуваат од ЈП „Македонијапат“.


На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.


На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, приспособување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената патна сигнализација. ир/са/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА