Breaking News

На изборите „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“ со свои кандидатски листи и кандидат за претседател


На претстојните избори политичката партија „Движење ЗНАМ – За наша Македонија“, предводена од актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ќе излезе со свои кандидатски листи за пратеници во сите шест изборни единици, како и со свој кандидат за претседател на државата, информираа на денешниот брифинг од партијата.


 Во текот на следната недела очекуваат Централен регистар да им го издаде решението, со кое политичкиот субјект формално-правно ќе добие дозвола за вршење на дејност.


Првиот конгрес партијата ќе го одржи на крајот на февруари, најдоцна до првата недела од месец март, каде официјално ќе бидат промовирани кандидатските листи за пратеници за шесте изборни единици, како и кандидатот за претседател на државата.

Политичкиот субјект ќе биде позициониран во центарот, вели претседателот Димитриевски, доколку пак, во делот на социјалните политики партијата ќе се движи кон лево, бидејќи како што беше посочено, Македонија е социјална држава, со социјално општество, каде оние кои што имаат повеќе треба да издвојат повеќе, за да може да се избалансира односот во социјалните средини.


ра/ев/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА