Breaking News

На Богородица и на Табановце за излез и за влез во државата се чека околу еден час


На граничниот премин Богородица за излез и на граничниот премин Табановце за влез во државата претпладнево има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час.


На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива, по суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/ФОТО: МИА Архива .

Извор: МИА