Breaking News

На 26 септември во Тирана ќе се одржи Форумот на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Во функција на Самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Албанија на 16 октомври годинава, албанското Министерството за финансии и економија на 26 септември, ќе биде домаќин на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“Министерството информираше дека на форумот ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес, со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ.


Овој форум ќе ги отслика главните достигнувања, приоритети и предизвици во спроведувањето на овој план и унапредувањето на регионалната интеграциска агенда преку поддршка во рамките на Берлинскиот процес, како многу важен инструмент за забрзување на економската конвергенција на регионот со Европската Унија.


Исто така на оваа средба, ќе се дискутира за олеснувањето на трговијата и намалувањето на бариерите, интеграцијата на пазарите, зголемувањето на регионалната соработка, интеграцијата на платните системи на регионот и економската подготовка на Западен Балкан за евентуална интеграција во еврозоната, стои во објавата на албанското министерство.

Форумот е коорганизиран од Министерството за финансии и економија, инвестицискиот форум на комори на Западен Балкан 6 (WB6 CIF), заедно со Сојузот на стопански и индустриски комори на Албанија.


На 14 месецов, во Тирана, со учество на министрите за внатрешни работи на 26 земји од ЕУ и Западен Балкан, се одржа Конференција во рамки на Берлинскиот процес на која се дебатираше за зголемување на соработката во борбата против организираниот и сајбер криминалот.

вт/ссм/Фото: Министерство за финансии и економија на Албанија .


Извор: МИА