Breaking News

На 26 мај четврто издание на „Трка на поезијата“ во Струга


Под мотото „Трчаме рецитираме“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“ на 26 мај годинава во Струга ќе се одржи четвртото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“.


Манифестацијата, како што соопшти организаторот, и годинава ќе содржи три трки, главната атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри, а ден претходно ќе се одржи и „Боград детската трка“ традиционално посветена на лицата со ретки болести.


Како што посочуваат од „Спортски мостови“, во тек е пријавувањето за трките, а најавуваат и учество на истакнати атлетски имиња од земјата и странство.

Регистрацијата за четвртото издание ќе трае до крајот на април, на веб страната www. poetryrun. mk. Како и претходните години, активно учество ќе земат и повеќе компании од Струга и регионот.


сс/фф/Фото: Атлетски клуб „Спортски мостови“ .

Извор: МИА