Breaking News

На 2,9 отсто намалена инфлацијата во Грција во февруари 


Годишната инфлација во Грција во февруари годинава била 2,9 проценти намалена во споредба со еден месец претходно, односно од 3,1 отсто колку што изнесуваше во јануари, јави дописничката на МИА од Атина.


Според официјалните податоците од грчката служба за статистика цените на прехранбените производи, за една година се за 6,7 отсто поскапи.


Од февруари 2023 до февруари 2024 година, најголемо зголемување, од 63,7 отсто бележи маслото, а најголемо намалување има на цената на природниот гас за 52 проценти.

Кај прехранбените производи, освен кај маслото, големо зголемување има кај цените на овошјето и зеленчукот, на месото, лебот и житните производи итн.


Споредбено со еден месец претходно, во февруари поевтини биле природниот гас, лебот и житните  производи сирењето, сувомеснатите производи, тестенините, пилешкото и свинското месо итн.

 Во 2023 година инфлацијата во Грција се движеше меѓу 1,6 и 7 отсто, најниска беше во септември, а највисока во јануари. ср/ссм/ .


Извор: МИА