Breaking News

На 1 и 8 јануари бесплатно паркирање во Скопје во зоните А, Б, Ц и Д


На 1 и 8 јануари, односно Нова година и прв ден Божик, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т. е.


на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, известуваат од јавното претпријатие.


Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нагласуваат дека редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:-        Зона А0- Водно, –        Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и –        Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

 ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им ги честита празниците со желби за добро здравје, мир и благосостојба. ир/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА