МЖСПП: Стапуваат во сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Кичево


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Кичево.


-Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.


183 од 14. 12.

2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Кичево, се вели во денешното соопштение од МЖСПП.


сст/са/фото МИА архива     .

Извор: МИА