Breaking News

МВР: Казнети 196 возачи за брзо возење


Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија полицијата вчера санкционираше 196 возачи кои управувале со возила со брзина поголема од дозволената.


Од нив, како што соопшти МВР, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 121 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.


Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

сст/лв/фото МИА архива .


Извор: МИА