Breaking News

МВР Билтен


На 03. 05.


2023 во 19:00 часот кај место викано „Рамно“, на шумскиот пат кон Бањашница, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода К.


Ј. (19) од с. Брест, скопско О. Ш. (27) с. Арачиново, скопско. Тие биле затекнати со две товарни возила при нелегална сеча на огревно дрво на државно земјиште.

Дрвата биле одземени и предадени на претставници од ЈП „Национални шуми“ – Караџица, а лицата биле задржани во полициска станица.


По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. На 03. 05.

2023 во 12:50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Л.


(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. На 03. 05.

2023 во 22:00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н. З.


(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. На 03. 05.

2023 во 09:00 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Ц. Г.

(63) од Република Турција затоа што на увид приложил фалсификуван зелен картон за товарното возило со полуприколка кое го управувал.

 Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. Во текот на вчерашниот ден (03. 05.

2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 247 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 133 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03. 05. 2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 38 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол. . . На 03. 05.

2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 16 во населено место и 6 надвор од населено место.

Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци, од кои, 8 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење на заштитна кацига и 2 за непрописно паркирање.

 На 03. 05. 2023 во 11:50 час во Полициската станица Гази Баба, Л. С. (53) од Скопје пријавила дека во с. Трубарево, скопско, била касната од куче со сопственик. На 03. 05. 2023 во 10.

30 часот во Полициската станица Драчево, А. С. (42) од Скопје пријавила дека на ул. „Иван Хаџи Николов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.  На 03. 05. 2023 во 15.

00 часот во Полициската станица Драчево, С. А. (39) од Скопје пријавила дека на ул. „Бранко Заревски“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. дма/ Фото: МИА архива Извор: МИА.