Breaking News

МВР-билтен


 На 28 декември 2023 во 22. 15 часот на улицата „Шералти“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода У. К. (36) од с. Граешница, Битолско.


 Тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.


Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.  На 28. 12. 2023 околу 18.

40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот тетовец И. Р.


во чиј локал биле пронајдени и одземени околу 600 парчиња различни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 28. 12.

2023 во 13. 45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ. К.


(53) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                Денеска (29.

12. 2023) во 00. 10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А. Б.


(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                Денеска (29. 12.

2023) во 05. 30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. А.

(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                На 28. 12. 2023 во 20.

40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Р.

(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                На 28. 12.

2023 околу 20. 00 часот  во селото Мислешево, Струшко, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е. Б. (45) од струшкото село Лабуништа.

При преглед во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 28. 12. 2023 во 23. 45 часот на ул.

„Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М. Т.

(29) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    На 28. 12. 2023 во 23.

10 часот на клучката Стајковци, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ. Х.

(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     На 28. 12. 2023 во 21.

15 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга го лишиле од слобода Е. В.

(19) од Струга затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  На 28. 12.

2023 во 11.

40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на локација помеѓу селата Алинци и Тополчани, Прилепско, биле пронајдени  една артилериска граната Ф150 мм и една запалка за артилериска граната Ф150мм од Прва светска војна од германско производство.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатата и запалката за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп.   На 28. 12. 2023 во 09.

00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле Б. Б. (35) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил престојот во државата.

Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.  На 28. 12. 2023 во 11.

12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје – Тетово, патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т. А. (61) од с.

Копанце, Тетовско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

 На 28. 12. 2023 во 09. 40 часот во Пoлициската станица Драчево, Ј. Р. (40) од Скопје пријавил дека на ул. „Иван Хаџи Николов“  бил каснат од куче скитник.  На 28. 12. 2023 во 12.

35 часот во Полициската станица Аеродром, Г. К. (18) од Скопје пријавил дека на бул. „АСНОМ“  бил каснат од куче скитник.  На 28. 12. 2023 во 20. 50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С. К.

(23) од Скопје пријавил дека на ул. „Лука Геров“ бил каснат од куче скитник. мд/  .

Извор: МИА