Breaking News

МВР-билтен


Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска околу 10 часот го привеле 36-годишниот З. С. од гостиварското село Падалиште.


Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.  На 03. 12. 2023 на ул.


„Сашо Китаноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е. Ш. (28) и Б. М.

(27), двајцата од Прилеп, затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале била пронајдена и одземена марихуана.


По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.  На 02. 12. 2023 во 22. 00 часот во с.

Шемшево, Тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Јагуновце го привеле С. С. (33) од Ирак поради непоседување документи за идентификација.


Лицето ќе биде пренесено во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка.   Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03. 12.

2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.


На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник. . .  На 03. 12. 2023 во периодот од 10.

00 до 16. 00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 91 прекршување на брзината, од кои по 36 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 10 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Гевгелија.

Од нив, 70 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 21 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  На 03. 12. 2023 во 19.

45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул. „Лука Геров“ и ул.

„Тиранска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С. П.

(69) од Скопје и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. П. (40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А. П.

, а со телесни повреди се здобил С. П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“  и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  На 03. 12.

2023 во 11. 00 часот во Полициската станица Гази Баба, З. И. (52) од Скопје пријавила дека на ул. „Карл Либкнехт“ била касната од куче скитник. На 03. 12. 2023 во 11. 50 часот во СВР Битола, Г. Т.

(39) од Битола пријавила дека на ул. „Кланица“ била касната од куче скитник. На 03. 12. 2023 во 11. 35 часот во СВР Битола, А. С. (46) од Битола пријави дека во Битола била касната од куче скитник.

мд/  .

Извор: МИА