Breaking News

МВР-билтен


На 21. 11. 2023 во Скопје од страна на полициски службеници од тим Потраги, ОКР Центар и Бит Пазар и Полициската станица Драчево од слобода е лишен М. Д.


(42) од Скопје, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Затвор Куманово.


Тој бил баран за доиздржување на казна затвор од 9 месеци и 26 дена за сторено кривично дело по член 123 став 1 од Кривичниот законик, за кое бил осуден на казна затвор од 13 години и 3 месеци. На 21.

11. 2023 во 12. 00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш – Отсек за економски криминал го лишија од слобода К. Ѓ. (33) од с.


Подареш, Радовишко, вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“ по член 357, а во врска член 45 од Кривичниот закон.

На 21. 11.


2023 осомничениот од двајца жители на Радовишко примил 3000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не констатира прекршок согласно Законот за изменување и дополнување на законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши.

Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени парите кои ги примил како поткуп. Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К. Ѓ.


во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и Радовишко примил пари во вкупен износ од 18. 000 денари и 150 евра како поткуп.

Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши. К. Ѓ.

е задржан во Полициската станица Радовиш и ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица.

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (21. 11. 2023) околу 18. 15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М. Р од ова село.

Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б. Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата и одзела девизи и накит.

Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М. Р. ќе следува соодветен поднесок. На 21. 11.

2023 во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода И. Т.

(50) од Куманово, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. И. Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (22. 11. 2023) во 02. 05 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ф. К.

(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По  документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21. 11.

2023 во 13:50 часот во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово ја лишиле од слобода С. Г. (33) од Струмица, затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела  материја.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21. 11. 2023 во 23. 10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф. З.

(29) од с. Копаница, Скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Црвена застава“ калибар 7,62 и една рамка со девет куршуми, калибар 7,62 мм.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Во текот на вчерашниот ден (21. 11.

2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 152 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 67 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место. Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (21. 11.

2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло. . . На 21. 11.

2023 во 15,07 часот во СВР Скопје пријавено е дека  на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.

Х. (63) од Р. Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф. И. (19) од Скопје. Ф. И. , Р. Х. , како и патниците од минибусот, К. А. (67) и В. А. А.

(33) од Скопје, Г. М. (45) и Е. М. (75) од Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, а Ш. Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“.  На Ф. И. , Р. Х. , В. А. А. , Е. М.

и Г. М. им се констатирани телесни повреди, на Ш. Ш. тешки телесни повреди, а К. А. починала од здобиените повреди. Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф. И.

е лишен од слобода. На 21. 11. 2023 во 20. 00 часот во Полициската станица Аеродром, С. Н. (39) од Скопје пријавила дека на бул. „12 Македонска бригада“ била касната од куче скитник.  На 21. 11.

2023 во Полициското одделение Петровец, А. Г. (38) од с. Трубарево, Скопско, пријавил дека во с. Бунарџик, Скопско, бил каснат од куче скитник. На 21. 11. 2023 во 08. 00 часот во ОВР Валандово, Ј. К.

(62) од Валандово пријавил дека на ул. „Никола Карев“ бил каснат од куче скитник. На 21. 11. 2023 во 18. 00 часот во ОВР Прилеп, Г. Р. (43) од Прилеп пријавил дека на ул.

„Браќа Миладиновци” бил каснат од куче скитник . мд/  .

Извор: МИА