Музејот на Аушвиц остро ја осуди „шегата“ според која Полска за бегалците веќе има подготвени логорски бараки


– Музејот на поранешниот германски нацистички логор Аушвиц – Биркенау најостро ја осуди несоодветната „шега“ на полскиот сатиричар Јан Пиецак, објавена во медиумите блиски до претходната влада (по изборите на 15 октомври опозициски конзервативци), според кои ЕУ смета дека Полска е подготвена да прими мигранти, бидејќи за нив има подготвено стари логорски бараки во Аушвиц и други поранешни концентрациони логори.


– Знам сурова шега. Тие сметаат на тоа дека Полјаците се подготвени затоа што имаме бараки за мигранти, во Ашувиќ, Мајданек, Треблинка, Штатхоф.


Имаме многу бараки што ги изградија Германците и таму ќе ги задржиме оние мигранти кои нелегално ни ги шверцуваат преку Германија, рече Пјетшак на ТВ Република, која е блиска до сегашната конзервативна опозиција од партијата Право и Правда на Јарослав Качински.

По формирањето на новата влада на проевропските демократски партии на премиерот Доналд Туск, тимот на главните ѕвезди на полската државна телевизија ТВП, премина во десничарската ТВ Република.


– Трагедијата на Аушвиц покажува каде водат идеите за омраза и презир кон друго човечко суштество.

Инструментализирањето на судбините на луѓето кои гинеа во германските логори за мизерна антиимигрантска реторика е срамен израз на морален или интелектуален неуспех, стои во реакцијата на Музејот на Аушвиц, некогашен најголем логор на смртта кој нацистите го изградија во окупирана Полска за време на војната.


И полскиот министер за правда Адам Боднар реагираше на изјавата на сатиричарот и побара од јавниот обвинител да почне истрага.

Пријава против ТВ Република до националното надзорно тело за радио и телевизија и кривичната пријава до обвинителството поднесе и Центарот за следење расистичко однесување поради законски забранетото ширење нацизам и расистички закани.


јт/ .

Извор: МИА