Breaking News

Муцунски на средба со австрискиот амбасадор, унапредување на економската соработка


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретнал со амбасадорот на Австралија, Даниел Емери.


Муцунски, како што соопшти МНР, го запознал соговорникот со приоритетите во работата на Министерството и на Владата, меѓу кои најголемо внимание и ангажман ќе биде посветен на забрзувањето на евроинтегративните реформски процеси.


 Соговорниците размениле мислења за актуелната билатерална соработка, во чии рамки нашата дијаспора во Австралија игра важна улога и претставува мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји.

На средбата биле дискутирани можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена,  соработката во други области од заеднички интерес, како и прашањата поврзани со политичката и безбедносната состојба во регионот и надворешно политички теми.


дма/бак/Фото: МНР   .

Извор: МИА