Breaking News

Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски се во повеќедневна посета на САД.


Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на покана на Амбасадата на САД во државава и Американскиот Стејт Департмент, Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД.


-Во рамките на нивната посета тие остварија повеќе средби со високи претставници на Стејт Департмент, бизнис заедницата како и тинк-тенк организации во Вашингтон.

Клучна тема во нивните разговори беше потребата од засилена борба против корупцијата во Македонија, се наведува во соопштението.


Во следните денови Муцунски, Ѓорѓиевски и Коњановски ќе ги посетат градовите Питсбург и Феникс каде со свои соговорници од локалната власт во овие градови ќе дискутираат за создавањето на добри практики во работата на локалната самоуправа.

дма/лв/Фото:ВМРО-ДПМНЕ .


Извор: МИА